Претставување:
„Јас сум Камала Харис, моите лични заменки се таа/неа и јас сум жена која седи на маса и носи сино костумче.“
Временски лавиринт:
„Денес е денес. А вчера беше денес вчера. Утре ќе биде денес утре. Затоа живејте денес, така што иднината денес ќе биде минато денес, како што е утре“.
Географија за почетници:
„Украина е земја во Европа. Таа постои до земја која се вика Русија. Русија е поголемата земја. Русија е моќна земја. Русија реши да ја нападне помалата земја која се вика Украина. Во суштина, тоа е погрешно“.
Камала: Некои прашања се средени.
Новинарот: Очигледно не се.
Камала: Така е. Затоа верувам дека живееме во несредени времиња.
*************
Идиократија: 4 минути Камала Харис
*************
Тулси Габард, жената која ја раскринка Камала Харис
Сега кога прогресивците почнуваат американскатa Катица Јанева да ја тетовираат на чело ко петокрака, да потсетиме што лик е таа и што му се случува на човек кој ќе се дрзне да ја критикува. И тоа додека беше во опозиција, можете да замислите како тие орди сега ќе земат залет.
**************
Ако Камала знае што зборува, еве на
Трамп пред некој ден ги шебаше Бајден и Камала, дека за првиот само чекаш момент да трокира (што главно и го прави) а дека втората е урнебесно смешна, бидејќи зборува во рими („Автобусите одат овде, автобусите одат онде, тоа прават автобусите.“) Земавме една изјава на потпретседателката, ја преведовме, еве нè, уште мозгаме што сакаше да каже.
**************
Спојлер: Не.
**************
За време на посетата на американската потпретседателка на Порторико, група насобрани граѓани удриле на песна, на шпански. За да им покаже дека го чувствува „вајбот“, Камала Харис фати со плескање раце да држи ритам со песната, сè додека не ѝ објаснија дека распеаните локалци не се одушевени од нејзината посета и дека тоа е протесна песна со која ја тролаат.
*************
Камала на празен гол почна да промашува
За малку од малку да ѝ го реанимираат рејтингот, на потпретеседателката на САД почнаа да ѝ ги местат најлесните обврски. Пример, додека Пелоси на 200 години ризикува почеток на војна со Кина, Камала доби задача да ја посети Јужна Кореја, да каже протоколарни збор-два и ако може, да не го згреши домаќинот. Толку.
****************
Може за сега не сакаат да ја наречат робовладетел, ама за тоа персоналот во кабинетот на американската потпретседателка јавно кажува дека атмосферата постојано е напната и дека „тоа не е место на кое луѓе чувствуваат дека имаат поддршка туку дека се третирани како го*на“.
**************