Тулси Габард беше дел од панелот на претседателски кандидати на Демократската партија, трка од кој Камала Харис прва излезе уште во декември 2019 година. За Харис можете да читнете на Википедија, на една фрапантно долга статија, веројатно подолга од оние за Тесла и Ајнштајн.
Габард е 39 годишна политичарка и воен армиски офицер, има служено во Ирак. Во претставничкиот дом влегуваво име на Хаваи. Избрана во 2012 година, таа беше прва Хинду членка на Конгресот и прва Самоа- Американка.
На дебатите директно ја закачи Камала Хариси нејзиното, наводно беспрекорно портфолио како јавен обвинител. Освен што:
- зад решетки има ставено 1.500 луѓе за обично поседување марихуана.
- има блокирало докази кои можеле да ослободат невин човек осуден на смртна казна, додека судот не ја присилил да ги обелодени материјалите.
- намерно има држено луѓе во затвор подолго од нивните казни за да бидат користени како евтина работна рака во калифорниските затвори.
Тулси Габард проба да укаже дека надворешната политика на нивната партија е заложник на дипломатскиот естаблишмент во Вашингтон, на големите играчи како Хилари Клинтон, на воено-индустрискиот комплекс и други лакоми корпоративни интереси. А Камала Харис, според неа, е човек на континуитетот, што значи продолжување на веќе познатата стратегија на луѓе како Буш и Клинтон за нови војни, менување странски влади и инсталирање свои луѓе во новите режими. На сето ова, Камала одговара дека Тулси многу често одела на Фокс(?).
Габард кај Џо Роган, за лавината омраза која ја доживува (од своите) затоа што се дрзнала да ја критикува миленичката на партиската олигархија.