И ајкулите покрај Рио се на кокаин

Тестирајќи дузина ајкули од повеќе видови покрај бразилскиот брег, научници кај нив утврдиле екстремни нивоа на кокаин во црниот дроб и мускулите. Поморски биолози сугерираат дека кокаинот кај нив дошол преку канализационите одводи и остатоци од конзументите или пак и протекувања од илегалните лаборатории за производство на кокаин. Ајкуливе немаат малку повеќе кокаин во себе, туку многу повеќе.

Научниците од една фондација тестирале 13 диви ајкули случајно уловени во мрежи и врз нив извршиле аутопсија.

Утврдиле дека кај сите имало зголемени количества кокаин, во црниот дроб и во мускулите, и тоа 100 пати повеќе отколку што претходно било утврдено во други животински видови.

Ајкулите биле избрани затоа што не одат често во длабокото, односно целиот живот го минуваат главно во водите покрај бреговите.

Се претпоставува дека кокаинот кај нив доаѓа од канализации кои носат вишоци и од корисници на наркотикот или пак учествува и вишок ослободен од непознат број илегални лаборатории и погони за производство на кокаин.

23 јули 2024 - 11:43