Намерата на градскиот совет не е да се објаснува со туристите кој дошол прв, туку само плажата наутро да биде празна и достапна за редовното чистење кое се одвива пред 9 часот.
Сите оние што ќе бидат упорни, ќе останат без опремата што ја оставиле на плажа и плус ќе бидат казнети со 250 долари.
Освен ова, сите столици, лежалки и чадори кои ќе бидат оставени без луѓе повеќе од три часа во текот на денот, ќе бидат отстранети.
Од градот објаснуваат и дека постојано добиваат поплаки дека уште на сред утро целите плажи се зафатени со опрема, а нема жив човек.
Изминативе месеци во Шпанија е посебно напната ситуацијата меѓу локалците и туристите, а пред неколку денови во Барселона се одржаа масовни протести на кои се бараше намалување на туризмот во градот и општо во земјата.
Во мај Ибица и Мајорка воведоа дополнителни забрани на забави на бродови и пиење во јавност, а еден месец претходно локалците од Канарските острови протестираа против претераниот туризам.