Вести

Гулабот размислува како вештачка интелигенција

Мозокот на гулабот функционира на сличен начин како и вештачката интелигенција на базично ниво. Ова го покажа нова студија во која психолози од Универзитетот во Ајова го испитале функционирањето на мозокот на гулабот, откривајќи дека има сличности со вештачката интелигенција.

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Речник

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Кошмарот на Тајната служба се вика накосен кров

После она што се случи во Пенсилванија, директорката на американската Тајна служба мораше да даде одговор зошто немале ставено човек на кровот од кој стрелецот се обиде да изврши атентат врз Трамп. А одговорот е: кровот им бил кос на агентите.

Тоа што не успеа Мао Це Тунг, ќе успеат излудениве либерали

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го потпиша контроверзниот „Закон за безбедност“ кој ги спречува училиштата да усвојат каква било политика која ќе бара од наставниците и персоналот да ги информираат родителите ако нивното дете сака да биде третирано како припадник на спротивниот пол или како „не -бинарно“. Културната револуција на Мао (детето ѝ припаѓа на државата а не на родителите) продолжува.

Судот на ЕУ ја критизираше Комисијата за договорите за вакцини

Вториот највисок суд во Европа ја критикуваше Европската комисија за немање транспарентност околу договорите за ковид вакцините склучувани пред четири години. Судот реши ова да го обелодени еден ден пред клучното гласање за кандидатурата на шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен за втор мандат.

А ние Кичево- Охрид не можеме да го завршиме

За неполни 20 години, открени се дваесетина тунели кои започнуваат во Мексико а завршуваат во Калифорнија и служеле за шверц на дрога. Последниот пронајден е толку долг што властите не можат да го минат без да се задушат поради недостаток на кислорот. Сега чекаат боци за да го доодат тунелот и да видат каде завршува.

Микрософт го отпушти тимот за „рамковен“

Целосната екипа на Микрософт задолжена за ДЕИ (diversity, equity, inclusion), рамковниот за корпоративна Америка, од 1 јули остана без работа бидејќи веќе биле непотребни.

Скоро па добри вести ако летово се товите со сладолед

Ако веќе секако сте вон контрола и летово имате удрено на благо, најдобро е тоа да биде сладолед, бидејќи освен шеќерот тој да ти содржел и некои хранливи состојки.

НАТО разгледува што кинеско да заплени во случај на војна

Дискутирајќи ги дополнително опциите за влошување на ситуацијата во Украина и Европа, НАТО размислува за тоа која кинески финансирана и изградена инфраструктура во Европа би требало да ја заплени во случај на војна со Русија.

Како да се одизбере претседател

Бајден успеа брзо и одлучно да го одбие првиот посериозен јавен напад од демократите да се откаже од претседателската кандидатура. Како што тој не се откажува, така од намерата да го сменат не се откажуваат ни високи функционери од времето на Обама и Клинтон.

Ние не пукаме, ние кукаме

Ако сте за Трамп, или ако не сте вакцинирани против ковид, во прогресивни делови на САД како што е Бостон, овие информации ќе ги чувате во вашиот најтесен семеен круг. Од друга страна, на југот и во централна Америка, се случува конзервативна револуција. И двете групи се исклучиви. Либералите се полицемерни затоа што си земаат за право да се декларираат за морално и интелектуално супериорни.

Само расчистувањето на шутот од израелската инвазија на Газа ќе трае деценија и пол

Процените се дека операцијата за расчистување на целиот распарчен бетон и арматура во Газа ќе чини меѓу 500 и 600 милиони долари, а тоа ќе треба да се направи пред што било друго да се почне.

Со левицата Франција ќе ја стигне и 90% данок

Францускиот Нов народен фронт кој сега е најголемата група во парламентот, побара земјата да добие премиер кој ќе ги спроведе партиските идеи меѓу кои се и нов данок на богати и контрола на цената на бензинот.

Обидот за атентат на Трамп менува сè

Сликата на раскрварен и пркосен Доналд Трамп како со стисната тупаница ја отпоздравува толпата во Пенсилванија додека го изговора зборот „fight“ со американското знаме во позадина, инстантно ќе влезе во книгите за историја како еден од моментите што ја дефинирал нашата ера, пишува Блумберг.

Бивш снајперист со вознемирувачка теорија за атентатот

„Штом ја видов снимката - знаев“, вели за неуспешниот атентат врз Доналд Трамп поранешен воен снајперист со светски рекорд. Вика, не треба човек да е снајперист бидејќи и на дете од седмо одделение му е јасно дека крововите наоколу први се обезбедуваат. Сугерира дека младиот атентатор имал некакви помош од инсајдерски кругови; или било замижено или било планирано. Инаку, како ќе се домкнеше толку блиску?

Го боли уво, Трамп само што победи

Сантиметар-два го почасти среќата (или „Фортуна, божицата на среќата“, како што би се изразиле спортски коментатори) поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз кого беше пукано на митинг во Пенсилванија. Еден од куршумите од пушка кои беа испукани кон него од млад локалец му ја пирснал школката на десното уво. Трамп е жив, дечкото не е. 

На кого повеќе му верувате: на Икс или на ЕУ?

Две сосема различни гледишта на работите искажаа Европската комисија преку извршната потпретседателка за дигитал и конкуренција и првиот човек на платформата Икс. Од една страна, Икс се товари дека го крши европскиот закон за дигитални услуги во поглед на транспарентноста, а Маск тврди дека почнуваат да го гонат откако им ја одбил понудата да спроведува тивка цензура.

Редовен годишен одмор за подолг живот

Клинички психолог наведува истражувања кои покажуваат дека оние што редовно одат на годишен, го намалуваат ризикот од прерана смрт за 20%. Ама не само оние фамозни седум дена, на колку што многу луѓе се решаваат. Човек почнува да се опушта дури после седмиот ден.

Се моли Џорџ Клуни да не се замислува кинг-мејкер

Неодамнешниот повик на Џорџ Клуни Џо Бајден да се откаже од втор мандат и да направи место за друг човек, дополнително ја разбранува во Демократската партија околу возраста и способноста на Бајден. Колумната на Клуни во Њујорк Тајмс и ефектите од неа покажуваат колку Демократите и натаму се опседнати со познати фаци и богати донатори а дисконектирани од работниците и малцинствата.

За изолиран човек, Путин нешто многу се гледа со светски лидери

Путин требаше да биде пропагандно а и реално изолиран од остатокот од светските лидери заради започнувањето на војната во Украина. Неговата службена агенда изминативе месеци вели поинаку.

Таргет пред казна за пријавување премногу кражби

Правните застапници на главниот град на Калифорнија, Сакраменто, го предупредија тамошното претставништво на ланецот супермаркети Таргет да престане со постојано пријавување кражби, затоа што на крај тие ќе попијат казна.

Над 47% од примателите на социјална помош во Германија се странци

2023 Германија ја завршува со вкупно 42,6 милијарди евра пари на граѓаните поделени меѓу жителите на земјата како најразлични форми на социјална помош. Во 2022, сумата е 36,6.

Бајден начисто го упропасти амбициозниот самит

Јубилејниот самит на НАТО кој требаше ефектно да демонстрира единство на членките на Алијансата против агресијата на Путин, инстантно доби друга димензија за која беа доволни само пар гафови на американскиот претседател. Месеци и месеци внимателно организирани средби и поенти паднаа во вода кога Зеленски стана Путин а Камала стана Трамп.

Џорџ Клуни го пушти Бајден низ вода

Пред само неколку недели, Бајден не присуствуваше на мировниот самит за Украина во Швајцарија за да биде на вечера за собирање пари за кампања на која еден од организаторите и главните гости беше Џорџ Клуни.

Њујорк ги осуди несудените кумановци

Тројцата браќа од еврејската фундаменталистичка секта Лев Тахор се осудени на по повеќе од 10 години затвор поради киднапирање деца, нивно присилување на секс и брак со возрасни и илегално префлување преку граници. Пробаа секаде да се кријат од правдата, меѓу другиите места и кај нас. 

Бајден не дошол на средба со Шолц, му било време за Мечето Ушко

Американскиот Стејт Департмент се обидува да го оспори тврдењето на Вол Стрит Журнал дека Џо Бајден  не дошол на договорена средба со германскиот канцелар Олаф Шолц кој останал баш изненаден што така извисил. Наместо Бајден, бил испратен државниот секретар Ентони Блинкен кој на Шолц му објаснил дека во тоа време, претседателот мора в кревет.