Нутриционистите го фалат сладоледот како добар извор на калциум и протеин, додека во исто време има умерени нивоа на масти кои го забавуваат ослободувањето на шеќерот во крвта.
За разлика од сладоледот, добар дел од благите имаат 0 грама масти, а ниту траги од протеин или влакна, кои ја вршат работата околу поспоро апсорбирање на шеќерот во крвта, кое пак е клучно во создавањето пикови кај шеќерот во крвта што пак може да доведе до тип два дијабетес и срцево заболување.
Притоа важно е да се знае дека сладоледот може да биде здрав само ако се споредува со помалку здравите бонбони, колачи и слични блага, инаку никако не котира како здрава храна.
Препораката што доаѓа од нутриционистите е по основа на тоа дека 150 грама сладолед содржи околу 12% од препорачаниот дневен внес на калциум, кој како состојка вообичаено не е доволно консумирана во американската исхрана.