Кина изминативе 10, 15 години константно гради низ Европа како дел од нејзината Појас и пат инцијатива. Сега стравот на НАТО е дека инфраструктурата што ја поседува во Европа, Кина би можела да ја искористи за материјална поддршка на Русија во случај на проширување на конфликтот, заради што Западот бара начин како да ја заплени истата.
Се работи за „дискусија која се уште е во раните фази и има различни нивоа на инволвираност од членките на НАТО.“ Според Си-ен-ен, дискусијата е предводена од САД.
На списокот се објекти финансирани со милијарди долари кинески пари меѓу кои се наоѓаат железнички линии кои ја поврзуваат Источна Европа со Кина и пристаништа лоцирани во Северното и Балтичкото море.
„Во случај на војна, нивната инфраструктура речиси сигурно ќе биде национализирана или државата ќе преземе привремена контрола врз нејзе според итните мерки за безбедност. Потоа Кина може да ги тужи на суд,“ објаснуваат извори за Си-ен-ен.
Притисокот би бил да се постигне ист резултат како што се доби од притисокот врз Русија по почетокот на војната во 2022, кога, во еден случај, заради континуирано блокирање од финските власти, руската компанија која оперираше со бродоградилиштето во Хелсинки одлучи целиот бизнис да го продаде на канадска компанија.
Во случајот со Кина би имало и високо-технолошки интереси како процесори или телеком инфраструктура.
Дискусијата малку ја нарушила Франција, која инсистира дека иако темата е легална, сепак таа треба да се разгледува во ЕУ, која има овластувања околу економски прашања, а не во НАТО. И Франција и други земји членки порачале дека „НАТО не е најдобрата платформа од која треба да се спротивстават на Кина.“