Гори во Трубарево
13 септември 2025
- Висок столб од густ црн чад се крева источно од Скопје е пожар во фирмата „Нулта отпад“ во селото Трубарево, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
- „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава за голем пожар во Општина Гази Баба, поточно во село Трубарево, каде што гори фабрика за пластични работи. Екипи од противпожарната бригада на Град Скопје се на веќе интервенираат за гаснење на пожарот“, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.
- „Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи“ изјави Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
- Бригадата претходно интервенирала и во гаснење на пожар во стара Цементара во Горно Лисиче.