Томас Метју Крукс, 20 години, од Бетел парк, Пенсилванија е именуван како атентаторот кој пукаше врз Трамп за време на неговиот говор на митинг во Пенсилванија.
„Слушнав зуење, истрели и веднаш го почувстував куршумот што ми ја проби кожата. Ми потече многу крв, па дури тогаш сфатив што се случува“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Било пукано од кров со видливост кон бината а после пукањето, откако Трамп беше обезбеден од телата на обезбедувањето и тајната служба те одведен на ургентно, снајперисти го скинале атентаторот.
До атентат не ни морало да дојде. Овој дечко тврди дека го видел атентатотор како ползи на покривот, им кажал на полицајците, покажувал кон него за да ги алармира снајперистите, но органите биле лабави.
Допрва ќе се расплеткуваат деталите од атентатот и неговото влијание врз претстојните претседателски избори (а ќе се вадат и мемиња).
Пазете како тие известуваа:
CNN: Тајната служба го евакуираше Трамп од бина откако тој падна на митинг:
Вашингтон пост: Трамп одведен на страна после гласни звуци на митинг во Пенсилванија.
MSNBC: Трамп безбеден откако се слушнале звуци на пуцкање
Њујорк Тајмс: Трамп изваден од бина после хаос на митинг
Некогаш моќните и угледни медиуми, по којзнае кој пат си пукаа во колено.
А некој од надлежните ќе треба да објасни како е можно да се дозволи на човек со пушка и цел шаржер без проблем да се качи на првиот најблизок кров со видик на политички митинг од голем формат.