На кого повеќе му верувате: на Икс или на ЕУ?

Две сосема различни гледишта на работите искажаа Европската комисија преку извршната потпретседателка за дигитал и конкуренција и првиот човек на платформата Икс. Од една страна, Икс се товари дека го крши европскиот закон за дигитални услуги во поглед на транспарентноста, а Маск тврди дека почнуваат да го гонат откако им ја одбил понудата да спроведува тивка цензура.

Маргарет Вестагер, потпретседателка на ЕК:

Според наше мислење, Икс не е во согласност со европскиот Закон за дигитални сервиси (DSA) во клучните области на транспарентност. Ги доведува во заблуда корисниците, не обезбедува соодветно складиште за реклами и го блокира пристапот до податоците за истражувачите. Ова е прв пат да издаваме прелиминарни наоди според Законот за дигитални услуги.

Илон Маск, сопственик и директор на Икс:

Европската комисија му понуди на Икс нелегален таен договор: ако тивко цензурираме слобода на говор без за тоа никому да кажеме, нема да нè казнуваат. Другите платформи го прифатија дилот. Икс го одби.

13 јули 2024 - 18:12