Иако освои најмногу седишта во новиот состав на парламентот коалицијата НПФ не успева да ја достигне границата од 289 пратеници потребни за мнозинство.
Програмата на коалицијата вклучува:
- Зголемување на минималната плата.
- Контрола на цените на храната, струјата, гасот и горивата.
- Намалување на границата за пензионирање на 60 години.
- Данок од 90% годишно на приходи над 400.000 евра.
- Големи инвестиции во зелена транзиција и јавни услуги.
Додека се прават комбинации и преговори за тоа кој и со кого да состави влада, од НПФ инсистираат дека ако тие се владата тогаш ќе бидат имплементирани нивните радикални идеи.
„Претседателот мора да назначи премиер, некого од НПФ за да ја имплементира програмата на НПФ, целата програма и ништо освен програмата,“ порачуваат од Франција непокорена, еден од коалиционите партнери во НПФ.
Тоа што не е јасно е дали НПФ ќе ги издржи преговорите за влада како коалиција и ќе најде партнер по мерка на сите или пак поумерените партии ќе се одвојат.
Во претстојниот период можно е Макрон, како второпласиран на изборите, да проба да формира владина коалиција со поумерените партии во НФП, меѓутоа не и со Франција непокорена на Меленшон, кој е предводник на коалицијата.