Се работи за настан после самитот на Г7 од пред две години кога зад маската на неформална средба, требало да се разговараат битни работи за Украина.
Иако германскиот протокол ја закажал средбата во раните вечерни часови, американскиот претседател не се појавил туку наместо него, дошол секретарот Блинкен кој на домаќинот му кажал дека во тоа време, Бајден треба да биде во кревет.
„Секретарот Ентони Блинкен нема кажано таква работа,“ соопшти Стејт Департментот, тврдејќи дека на Германците навреме им било најавено дека ќе дојде Блинкен, додека Бајден во тоа време решавал важни домашни проблеми.
Катастрофалниот перформанс на дуелот со Трамп по кој зачестија повиците да отстапи место за друг кандидат за претстојните избори, Бајден го објасни со замор и џет лег (која траел 12 дена?!) и вети дека, за да избегне такви резили, во иднина нема да работи после осум саат навечер.