На состонокот со гувернерите во Белата куќа, Бајден рекол дека дел од неговиот план е да претстане да закажува состаноци после 20 часот навечер за да може да се наспие, му дојавиле на CNN три извори упатени во случувањата.
Велат дека ваквиот несериозен предлог фрустрирал неколкумина присутни гувернери и уште повеќе ги уверил дека Бајден не е нивниот најдобар кандидат кој може да излезе на мегдан со Трамп.
Бајден и неговата ментална кондиција сè потешко ја бранат првите луѓе околу него. Портпаролката на Белата куќа се обиде да го оправда очајно слабиот настап на дуелот со Тrамп велејќи дека тоа, се должело на авионските патувања и џет-легот кој го чувствувал. А и настинат бил.
Но, негово последно патување со авион беше на 15 јуни а дуелот се одржа на 27 јуни. 12 дена разлика. Невидено долг џет-лег.
На спомнатиот состанок, Бајден нафрлил и шега која не минала баш најдобро. На гувернерите им рекол: „Јас сум добар, за мојот мозок не сум сигурен“, па неговите побрзале да им повторат дека се работи за шала.