Обидот за атентат на Трамп менува сè

Сликата на раскрварен и пркосен Доналд Трамп како со стисната тупаница ја отпоздравува толпата во Пенсилванија додека го изговора зборот „fight“ со американското знаме во позадина, инстантно ќе влезе во книгите за историја како еден од моментите што ја дефинирал нашата ера, пишува Блумберг.

Обидот за атентат врз поранешниот американски претседател на вчерашниот митинг само ја надополнува и онака нестабилната и непредвидливата кампања, преплетена со набиена реторика и радикализирани ставови.

Таа исто така неповратно го менува политичкиот пејзаж во корист на Трамп пред ноемвриските избори.

Тој не само што го преживеа истрелот кој го закачи неговото уво - и сега закрепнува на неговиот голф терен во Њу Џерси - туку и наративот што тој го создава сите овие години дека сите сакаат да го елиминираат одеднаш е валидиран кога по неколку минути од почетокот на говорот стрелецот отвори оган кон 78-годишниот републикански претседателски кандидат.

За легиите МАГА следбеници, ова го прави него уште поголема жртва на каузата, Трамп како човекот што секогаш преживува. Еден од неговите следбеници од републиканската партија го нарече незапирлив. Неговата кампања брзо испрати порака во која го цитира Трамп како изјавува „Никогаш нема да се предадам.“

Во меѓувреме Демократите се во хаос како што претседателот Џо Бајден, тврдоглаво се држи до својата номинација и покрај тоа што сомнежите за неговата возраст и менталната чистина со недели го обиколуваат, а повиците за повлекување полека се зголемуваат.

Тој до сега е симнат од насловните страници, но ако во нешто е уште послаб тоа е контролата на настаните. И тоа е длабоко загрижувачко за западните демократии кои гледаат кон лидерот на слободниот свет за знак на поредок и чистина.

Наместо тоа остатокот од светот исто така искусува поларизација во политиката и она што може да се случи во длабоко поделено општество кога политичкиот дискурс е испреплетен со претерувања и лаги кои се засилени преку социјалните медиуми.

Од Азија до Европа и Јужна Америка, изминатите неколку години беа обележани со обиди за атентат против голем број високи политички лидери сред бел ден.

Во мај словачкиот премиер Роберт Фико, од блиску беше застрелан четири пати. Тој преживеа и брзо го искористи обидот за атентат за засилување на нападите на медиумите, обвинителите и опозицијата. Ако ништо друго, тоа се претвори во одмазда против неговите непријатели.

А за тоа како вчерашните настани може да се одразат во САД, човек треба само да се врати на 2018 и преседанот со бразилскиот претседател Болсонаро, кој е речиси латинскоамериканска верзија на Трамп.

Крајно десничарскиот лидер беше прободен во стомак за време на кампањата на еден месец пред изборите. Ова беше моментот што ја размрда неговата база и го донесе на власт.

Вчера Болсонаро веднаш на Твитер му испрати порака на Трамп „се гледаме на инаугурацијата.“

Флавиа Круз-Џексон
Блумберг

15 јули 2024 - 11:32