Судот на ЕУ ја критизираше Комисијата за договорите за вакцини

Вториот највисок суд во Европа ја критикуваше Европската комисија за немање транспарентност околу договорите за ковид вакцините склучувани пред четири години. Судот реши ова да го обелодени еден ден пред клучното гласање за кандидатурата на шефицата на Комисијата Урсула фон дер Лајен за втор мандат.

Некои европски пратеници беа многу критички настроени кон справувањето со договорите вредни повеќе милијарди евра од страна на Комисијата, а особено поради необјавувањето на СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на производителот на лекови Фајзер за еден од договорите (види: Првиот човек на Фајзер се уфуфка од сведочење).

Од Комисијата соопштија дека Урсула, за жал, не ги чувала тие пораки.

Во екот на пандемијата, Комисијата потпиша договори со снабдувањето со вакцини со Фајзер, АстраЗенека, Санофи, ГСК, Џонсон и Џонсон, Модерна и други.

Дмитри Медведен на својот Телеграм канал своевремено зајадливо запиша:

„Тетка Урсула фон дер Лајен некако купи 4,6 (!) милијарди дози вакцина против Ковид-19 од фармацевтската корпорација Фајзер за 71 (!) милијарда евра. Тоа се десет дози вакцини за секој граѓанин на ЕУ. Tаа е гинеколог, и шеф на некаква Европска комисија, а сега е и претставник на Биг Фарма. Храбра жена, не се плаши од ништо “, напиша Медведев додавајќи дека сопругот на фон дер Лејен „случајно“, работи во фармацевтска компанија.

Некои европарламентарци побараа пристап до документите за да ги разберат условите и договорите, но Комисија им обезбеди само делумен пристап со покриени делови од документите, за да се заштителе комерцијалните интереси на партнерите.

Пратениците ги поднесоа своите поплаки до Општиот суд со седиште во Луксембург, судиите го прифатија нивниот предизвик и донесоа заклучок:

„Комисијата не ѝ даде на јавноста доволно широк пристап до купопродажните договори за ковид вакцините“.

 

17 јули 2024 - 16:35