Таргет пред казна за пријавување премногу кражби

Правните застапници на главниот град на Калифорнија, Сакраменто, го предупредија тамошното претставништво на ланецот супермаркети Таргет да престане со постојано пријавување кражби, затоа што на крај тие ќе попијат казна.

Таргет е предупреден дека ќе биде обвинет дека е јавна неприлика заради големиот број на телефонски повици до полицијата по секоја кражба што ќе ја фатат во нивната продавница во Ленд парк.

Ај Таргет, ама од заканата на градските власти се изненадени и локалните законодавци и полиција, кои прашуваат како може некој да биде неприлика кога сака да пријави криминал.

За разлика од нив, правните експерти објаснуваат дека градските власти „ги имаат сите права за да поднесат обвинение за јавна неприлика против бизнис чии сопственици знаат дека имотот е опасен.“ Она околу кое не се сигурни е дали законот го дозволува ова обвинение кога луѓето крадат од дуќанот, бидејќи дуќанот е жртва.

Други правници пак објаснуваат дека зад  предупредувањето стои желбата на градот да ја намали стапката на криминал со тоа што ќе ги притисне компаниите да не пријавуваат.

За криминалот во Таргет се жалат и локалните жители чија верзија на настанатите е дека супермаркетот привлекува криминал, што пак се одразува на статистиките на населбата, а преку тоа и вредноста на тамошниот имот и квалитетот на живот.

Продавниците на Таргет во Сакраменто само минатата година 375 пати побарале помош поврзана со кражби. Само две години претходно, во 2021, биле вкупно 87 случаи.

Причината за ваквиот пораст на криминалот, кој го зафаќа и остатокот од Калифорнија, е Предлогот 47 изгласан на референдум во 2014, според кој сите кражби под 950 долари се сметаат за сите прекршок за кој не се одговара. Границата е 950 долари по кражба, ако излезеш од продавница со стока во вредност од 949 долари, потоа можеш пак да се вратиш, истиот ден на истото место и пак да собереш уште 949 долари и идентично нема да одговараш.

12 јули 2024 - 13:13