Тунел за кој се верува дека служел за шверц на дрога а беше пронајден минатата недела во граничниот град Тихуана, на северот на Мексико, е толку долг што властите не можеле да откријат каде завршува без боци со кислород.
Секретарот за јавна безбедност на Долна Калифорнија, вели дека неговите луѓе ги чекаат боците за да ја завршат истрагата. Агилар потврди дека тунелот е поврзан со друг тунел пронајден пред две години кој навлегува во американска територија. Американските власти биле известени и сега и тие ја барале излезната точка на тунелот.
И други тунели се наоѓани во областа. Пред две години бил откриен еден со должина од шест фудбалски игралишта, имал железнички и вентилациски систем, електрична енергија и армирани ѕидови.
Во 2023 година, исто во Тихуана, бил откриен друг тунел кој бил многу пократок но затоа бил ископан на длабочина од дури 30 метри. На властите уште не им е јасно дали бил самостоен тунел или дел од поголема подземна мрежа.
Од 2006-та година откриени се близу 20 тунели на границата на Калифорнија со Мексико.