За потсетување на приказната:
Се сеќавате ли на оваа екстремна еврејска секта која пред неколку години дојде во Македонија ама не ја сакаа нигде па се префрлуваа од Куманово во Скопје во Охрид, за на крај Петар Богојески великодушно да им понуди да се сместат на неговиот имот во Крушево? Ги испозатворија, за киднапирање и трговија со деца.
Американски суд ги осуди лидерите на еврејската фундаменталистичка секта Лев Тахор со по преку 10 години зад решетки за киднапирање на две деца, од кои едното дете- невеста. од нивниот дом во Њујорк откако мајка им ја има напуштено сектата, по што ги прокриумчариле во Мексико.
Се работи за браќата Ваингартен: Јаков (34), Смиел (28) и Јоил (36) на кои, откако во март беа прогласени за вниовни (кога пишувавме за ова) деновиве им беа изречени казните: Јаков и Смиел по 14 години, Јоил на 12 години затвор.
Другите детали од оваа приказна на киднапирање, присилување на секс и брак и шверц на малолетници ги имате во горната приказна.