Математиката ја прават Обединетите нации и според нив, на флота од 100 камиони ќе и бидат потребни 15 години за да ја расчистат Газа од некои си 40 милиони тони шут кои ги создаде израелската интервенција.
Која било операција за расчистување на Газа ќе биде дополнително оптоварена со проблемот со неексплодирани гранати, бомби и експлозиви скриени во купиштата рушевини.
Околу 65% од зградите уништени во Газа се резиденцијални.
Истата пресметка покажала дека во Газа се оштени нешто повеќе од 137.000 објекти, или половина од сите што постојат. Од овие, нешто повеќе од четвртина се целосно уништени, една десетина се сериозно оштетени а една третина се умерено оштетени.
Пример има делови од Газа како Кан Јунис во која нема една зграда што е останата неоштетена.
Дури и да се најде време и пари, за комплетирање на оваа операција ќе треба да има масовни депонии со површина меѓу 250 и 500 хектари, во зависност од тоа колку од материјалот ќе биде рециклиран.
Во мај годинава УНДП објави процена дека изградбата на уништените домови во Газа според најоптимистичкото сценарио би траела до 2040, а целосната реконструкција на територијата би чинела 40 милијарди долари.