Таг: газа

Само расчистувањето на шутот од израелската инвазија на Газа ќе трае деценија и пол

Процените се дека операцијата за расчистување на целиот распарчен бетон и арматура во Газа ќе чини меѓу 500 и 600 милиони долари, а тоа ќе треба да се направи пред што било друго да се почне.

Американското пристаниште во Газа од 230 милиони долари работеше само 10 дена

Како дел од праксата многу помош за Израел, ама малку и за Палестинците, Американците изградија пристаниште во Газа преку кое требаше да пристигнува хуманитарна помош за тамошното население. Само што го ставија почна да попушта, и во јули веројатно ќе го тргаат.

Да се доручкува мора

Деновиве некаде во Газа. На небо Хамас или Израел си тераат своја работа, на земја народ си тера своја работа.

50 израелски заложници веќе се мртви

До сега се убиени околу 50 луѓе од заложниците што Хамас ги киднапираше на 7 октомври, но не од нив туку од израелските воздушни напади на Газа, објавија Ал Касам бригадите на Телеграм. Хамас во нападот киднапираше најмалку 220 израелски државјани.

Не е „судир“ кога снајпери пукаат во невооружени луѓе на 100 метри

Во исто време додека објавува видео од израелски снајпер како застрелува невооружен човек, Гардијан пишува и за „судири“ меѓу Израел и Палестина. Проблемот со терминологијата е што „судир“ предвидува спротивставени страни кои горе-долу се рамноправни по својата моќ, што во ситуацијава никако не е точно.

Банкси во Газа

На сајтот на уметникот, како и на неговиот Инстаграм профил, се појавија неколку дела со јасна политичка порака, направени на палестинска територија. „Доколку ги измиеме рацете од конфликтот помеѓу моќните и оние немоќните, тоа е исто како да сме ја фатиле страната на првите - не остануваме неутрални"

"Кофа полна руини" предизвик

Се базира на предизвикот за АЛС, ама наместо мраз се користат руини и крш (по можност) од бомбардирана куќа на Палестинци, а целта е да се собере поддршка за Газа.

Колку тони цемент се потребни за повторно да се изгради Газа?

Во 1960-та по матурирање Мухамед ал-Талбани почнува бизнис со рачно произведени благи од сусам и кокос. Тој се развива низ децениите и во Газа гради фабрика вредна 30 милиони долари, која за Рамазан треба да го снабди пазарот со благо. Кратко пред празникот почнува најновиот судир и фабриката на ал-Талбани е срамнета со земја.

Шверцот на кофи со пилешко

Нелегалните тунели од Газа за Египет се клучни за преживувањето на Палестинците кои официјално се под блокада за увоз на странски производи и од Израел и од Египет. Една од најлуксузните стоки што се шверцува низ тунелите се кофи со пилешко од КФЦ.

Израел им брои калории на Палестинците

Една од најважните работи што Израел ја направил пред да го почне ембаргото кон Газа, е да пресмета кој е минимумот на калории што им е потребен за преживување Палестинците.