Според Њујорк тајмс, кофа со 12 парчиња пилешко која во Египет се купува за 11,50 долари, франко Газа чини 27 долари (во САД истото ова чини меѓу 16,49 и 20,49 долари).
"Потребни се повеќе од 4 часа за нарачката од КФЦ да стигне до тука од местото каде што е подготвена во Ел Ариш, Египет. Патување вклучува две таксија, меѓународна граница и млад бизнисмен кој ја координира целата работа од мала продавница во Газа."
Сепак бизнисот веројатно ќе згасне во скоро време, бидејќи еден млад бизнисмен изјавил за Тајмс дека добил дозвола да отвори КФЦ во Газа.