Во неделата вечер КФЦ брендиран ресторан почна со работа во Техеран. Работеше неделата вечер, понеделникот во регуларното работно време, и вторникот утрото додека не дојде инспекција да го затвори затоа што личел премногу американски.
Нелегалните тунели од Газа за Египет се клучни за преживувањето на Палестинците кои официјално се под блокада за увоз на странски производи и од Израел и од Египет. Една од најлуксузните стоки што се шверцува низ тунелите се кофи со пилешко од КФЦ.