КФЦ Халал од агенцијата Тасним беше опишан како "првиот американски огранок" од овој вид. Ресторанот за својата работа наводно имаше дозвола од Министерството за индустрија, трговија и рудници.
Краткиот животен век на ресторанот заврши со натпис од инспекција, дека е затворен до понатаму и објаснување дека неговото уредување премногу наликувало на американско знаме и дека неговото присуство "може да се смета како дел од американското влијание врз иранската култура."
Според луѓето што го донесоа ресторанот во Техеран станува збор за недоразбирање, бидејќи тие се дел од Халал КФЦ, "кој доаѓа од Турција, им припаѓа на муслимани и негов таргет се муслимански нации." По нивни зборови, ова КФЦ е конкуренција на американското.
Од американската централа на КФЦ генерално го потврдуваат ова тврдење, објаснувајќи дека тие воопшто не дале права за франшиза во Иран, и дека ќе поднесат тужба против сопствениците на брендот кој отворил во Иран.