Вториот кат од фабриката ал-Авда по еден напад е прекриен со леплива црвена течност, што за среќа е само сок кој јагоди кој го подготвувале за Рамазан.
За Талбани бомбардирањето на фабриката не е колатерална штета, туку дел од поширока кампања на Израел за економска војна против жителите на Газа. Тој инсистира дека никаде во близина немало борци на Хамас кога фабриката била бомбардирана.
"Ако некој дојдеше тука за да лансира ракета, јас лично ќе го убиев!"
Палестинските власти проценуваат дека обновувањето на изрушените територии ќе чини околу 6 милијарди долари, а во овие пари се влезени 50.000 домови кои се комплетно или делумно уништени, околу 250 фабрики кои се нефункционални, погонот за обработка на отпадни води и електраната.
За септември е закажана донаторска конференција за Газа во Египет, а парите ќе им бидат предадени на палестинските власти, кои ќе треба да раководат со реконструкцијата.
Палестинците дури и да ги имаат парите, пред воопшто да почнат да градат ќе треба да се справат со израелското ембарго кое меѓу другото го блокира и "поправањето" на Газа.
Причината зошто Израелците се запнати со ембарго на градежни материјали, е затоа што во време на владеењето на Мубарак со Египет, Хамас шверцуваше огромни количини цимент во Газа и со него изгради мрежа подземни тунели кои и денес ги користи во судирите со Израел. Заради ова Израел дозволува само агенции на О.Н. да увезуваат цемент.
Според овој систем О.Н. на одреден проект може да однесе цемент колку што е потребно за денот, а ако нешто остане, тој се враќа назад во магацин, а таму детално се пребројува. Ова генерално не беше проблем до сега кога О.Н. имаше десетина проекти, меѓутоа сега стравот е како ќе се мониторира секоја вреќа цемент на 50.000 локации.
Најголем зафат би било обновувањето на електраната во Газа, од каде со струја се снабдува и погонот за обработка за отпадни води, како и водоводот. Ова би требало да трае околу 1 година, а во меѓувреме се размислува на брегот на Газа да се донесат привремени електрани, кои ќе снабдуваат со струја.