
Израелското истражување "Консумација на храна во појасот Газа - црвените линии" се појави во јавноста благодарејќи на судски налог.
Во него најразличните видови храна се делат на категории, но на крај се заклучува дека на Газа и се потребни 106 камиони храна, за нејзините жители да преживеат (за популација од 1,7 милиони).
Според групите за заштита на човекови права, Израел не ја почитува ниту својата студија, и денес дозволува дневно само 67 камиони со храна да влезат во појасот Газа.
Објаснувањето на властите е дека студијата била само нацрт, и таа не е прифатена како официјална политика.