Во еден месец откако беше поставено и поврзано со брегот на Газа, пристаништето беше во употреба само 10 дена. Остатокот од времето главно го поправаа, беше откачено за да се спречи дополнително оштетување или не се користеше заради безбедност.
Пристаништето требаше да биде привремена мерка додека САД, кој целосно го финансира и вооружува Израел, не успее да го убеди Израел да ги отвори копнените гранични премини за хуманитарна помош кон Газа. Иако привремена, требаше подолго да трае од овие 10 дена.
Првичната процена на американската администрација беше дека дури некаде во септември немирното море би можело да стане проблем за функционирање на пристаништето, и дека тогаш ќе треба да се демонтира.ѝ
Критиката за САД е дека пристаништето успеало да обезбеди само „хуманитарна заштита“ за поддршката што администрацијата на Бајден ја дава на израелското бомбардирање на Газа.