Идејата е на палестинскиот новинар Ајман ал-Алоу, кој објаснува дека додека ја разговарал темата со своите пријатели имало и предлози дека кофата за поголема автентичност треба да биде полна со крв или шрапнели.
"Сакавме да најдеме кофа вода, ама водата нам ни е премногу важна за да ја истураме на глава. Па дури и да имаме вода, ќе биде тешко да ја замрзнеме," објаснува ал-Алоу во видеото.
На Фејсбук и на Твитер акцијата се води под #dustbucketchallenge и #remainsbucketchallenge. За разлика од АЛС кампањата која до сега по оваа основа собра 62,5 милиони долари, ал-Алоу има поскромна цел.
"Ако 5 познати луѓе од светот како актери или претседатели го направат овој предизвик, тоа значи дека сум успеал да ја испратам пораката за Газа," изјавил палестинскиот новинар.