Редовен годишен одмор за подолг живот

Клинички психолог наведува истражувања кои покажуваат дека оние што редовно одат на годишен, го намалуваат ризикот од прерана смрт за 20%. Ама не само оние фамозни седум дена, на колку што многу луѓе се решаваат. Човек почнува да се опушта дури после седмиот ден.

„Квалитетен одмор е од големо значење за исфрлање на токсините од телото, за ревитализација на целиот одмор и нашето севкупно физичко и психичко здравје,“ вели психологот Леа Маричиќ наведувајќи истражувања по кои за една петина се намалува ризикот од предвремено умирање доколу редовно се користи годишен одмор.

Одморот значајно ги ублажува симптомите со кои се бориме поради напорна или стресна работа, го намалува ризикот од срцев удар и го стабилизира метаболизмот а бенефитите можат да се видат и преку доброто расположение, нивото на енергија и општото задоволство.

Истражувањата исто така покажуваат дека стресот продолжува по инерција и дека повеќето луѓе почнуваат видливо да се опуштаат дури после седмиот ден од одморот.

Две недели се минимумот а три до четири недели - таман за психофизичко опоравување. Доколку не е можно да се искористи цело големо парче одмор, се препорачуваат почести кратки патувања кои доведуваат до раст на когнитивната флексибилност.

„Немојте да мислите дека генералното водење здрав живот ќе ви го надомести тоа што прекумерно работите или не одите на одмор,“ предупредува професорот Тимо Страндберг од Хелсинки.

Во поголемиот број европски држави, вработените имаат минимум 20 дена годишен одмор, во четири земји и 25 дена.

13 јули 2024 - 09:50