Дронови се користат на Халкидики, Крф и Атика а како корисна се покажала и апликацијата ‘MyCoast‘ преку која се добиени преку илјада локални поплаки на узурпирање на плажите со лежалки и чадори за сонце.
Според новите прописи донесени во март, лежалките не смеат да бидат поставени помалку од 4 метри од морето, што автоматски значи дека се забранети онаму каде што има помалку од четири метри плажа.
Во само пет дена се изречени казни во висина од 350.000 евра, најмногу заради лежалки и чадори кои заземаат преголем простор а пронајдени се и нелиценцирани плажи кои работеле без дозвола. Се планира мониторингот да се прошири и на островските групи Цикада и Додеканез.
Владата беше подбутната да преземе вакви марки откако жителите на југоисточниот остров Парос почнаа со протести наречени „Движење на пешкирите“ барајќи слободен и непречен пристап до морето.