Дојдете во Франција, ќе ве убиеме

Излезе дека дури ни израелските Олимпијци не се нешто посебно популарни во Франција и меѓу жителите на Париз, кои се толку директни во изразување на својата омраза кон спортистите што Израел на Олимпијадата ќе испраќа и посебен тим од Шин Бет.

Израелските спортисти што ќе учествуваат на Олимпијадата 2024 веќе добиле закани по живот, пораки со омраза и телефонски повици од странски броеви, во кои се предупредуваат дека ќе бидат убиени ако пристигнат во Франција.

Во анонимен меил за кој известува израелскиот медиум Вала, се порачува дека на сите Израелци што ќе учествуваат на Олимпијадата, вклучително и делегати, ќе им биде наштетено, и да бидат подготвени за слично сценарио на Минхен 1972.

Израелците објаснуваат дека очекувале ваква атмосфера пред ОИ 2024 и дека имале разговори и обука со спортистите за тоа како да се однесуваат во ваква ситуација.

Освен теорија, Израел со спортистите испраќа и вооружени агенти на тајната служба Шин Бет „кои треба да го подготват теренот за најголемата безбедносна операција за израелски спортисти на Олимписките игри.“

Заканите ги потврди и израелскиот министер за спорт и култура, Мики Зохар, кој изјавува дека знаат, но не сакаат да зборуваат за нив. Министерот објаснува и дека безбедносните подготовки за игрите се почнати пред една година и дека буџетот за безбедност е зголемен за два пати за да се компензира за растот на заканите против Евреите по почетокот на војната меѓу Хамас и Израел.

На игрите ќе учествуваат 88 израелски спортисти и сите ќе имаат обезбедување, но не секој ќе има личен телохранител.

Отворањето на ОИ ќе го обезбедуваат околу 40.000 лица, што е речиси 4 пати повеќе од 10.500 спортисти кои ќе се појават на него. Посебно многу обезбедување е планирано за тренинзите на израелската фудбалска репрезентација на 21, 23 и 26 јули.

22 јули 2024 - 12:59