Компанијата Интерлун од Сиетл неодамна доби мало охрабрување од 348.000 американски долари од НАСА за развој на технологија за екстракција на хелиум-3 од месечевата почва.
Се работи за редок изотоп со голем комерцијален потенцијал. Роб Мејерсон, поранешен извршен директор на компанијата на Безос, Блу Ориџин, а сега извршен и ко-основач на Интерлун, вели дека хелиум-3 е ресурс вреден да ги оправда трошоците за негово извлекување и транспортирање назад на Земјата. Сегашната цена е околу 20 милиони долари за килограм.
Хелиум-3 е изотоп на хелиум кој го нема многу овде, но го има во изобилство таму. Има потенцијална примена во нуклеарни реактори, квантни компјутери и медицинска дијагностика. Интерлун планира да развие машина со големина на големо теренско возило што ќе ја „жнее“ лунарната почва и ќе го извлекува хелиум-3 кој потоа би го враќае на Земјата.
Претходните мисии, и американски и кинески, собраа примероци од почвата од Месечината што покажаа дека хелиум-3 е многу почест таму отколку на Земјата. Така е затоа што Месечината нема атмосфера, што му дозволува на сончевиот ветер да ја бомбардира површината на Месечината со хелиум-3 во текот на милијарди години.
Технологијата е помал проблем. Далеку поголем е „геополитиката“ на Месечината, односно потенцијалните конфликти меѓу државите за тамошните ресурси бидејќи она што се нарекува меѓународна заедница, абер нема од формулирање јасни прописи и стандарди кои би овозможиле ускладување на интересите и обезбедување одржливо искористување на природниот Земјин сателит.