„Се кандидирам да бидам претседател на цела Америка, а не на половина, бидејќи нема победа во победа на една половина“, рече стандардно воинствениот Трамп, овојпат со невообичаен за него „обединувачки“ тон.
Се разбира, не пропушти да ја зацвсти поентата дека неговото преживување е „милост на семоќниот Бог“ и порача дека „Бог е на моја страна.“
„Денес не требаше да бидам овде,“ кажа Трамп на што верната публика му реплицираше „Требаше, требаше!“
И покрај необично помирливиот тон, Трамп не пропушти да удри по политиките на Џо Бајден тврдејќи дека тие ќе водат кон Трета светска војна и дека тој е единствениот кој може ефикасно да го спречи ова сценарио, како и инвазијата на мигрантите преку јужната граница.
„Ќе ѝ ставам крај на секоја меѓународна криза која ја создаде актуелната администрација, вклучувајќи ја војната меѓу Русија и Украина, до која немаше ни да дојде да бев јас претседател,“ вети Трамп.
"I will end every single international crisis that the current administration has created".
— Sky News (@SkyNews) July 19, 2024
Donald Trump addresses the war in Ukraine and the Israel-Hamas war during a speech at the Republican National Convention.https://t.co/PAiZ4D1jU3
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 pic.twitter.com/KLFAWevZZi
За загревање, на присутните претходно им бил пуштен филм за животот на Доналд Трамп а Меланија влезе со придружба на класична музика.