Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вети дека ќе им помага на прекуокеанските територии на Франција да дојдат до посакуваната независност.
Ова е последниот развој на настаните инспирирани од долготрајните конфликти во кавкаскиот регион. Алиев ја обвинува Франција за мешање во нејзините работи и ја помага Ерменија, со која имаа две војни во последниве 30 години, првенствено заради спорот околу отцепеното Нагорно-Карабах.
Последниве месеци, азербејџанските власти се фокусираат на француската територија на Јужниот Пацифик, Нова Каледонија, опфатена со неколкунеделно насилство поради незадоволства на домородните активисти. Франција го обвини Баку дека ги разгорува насилствата со пропагандна војна и лажни вести.
Алиев ги пушти најновите коментари неколку дена пред отворањето на Олимписките игри во Париз и непосредно откако Баку беше домаќин на конгрес на кој се собраа групите кои се залагаат за независност на Нова Каледонија и други француски територии.
„Ќе ве поддржуваме додека не се ослободите“, рече Алиев на еден форум, велејќи дека е неприфатливо некои земји сè уште да се под колонијална чизма.
„Наша должност е да им помагаме на овие земји да се ослободат од овој реликт од минатото“.
На конгресот на „независните“, освен на Нова Каледонија, имало претставници и на славната Корзика (читај Астерикс и Обеликс), Коморските острови, архипелагот Мајоте и други територии кои и натаму се под француска власт.