Живот и забава

Некогаш малку прави разлика

22 годишна студентка била силувана и толку бесно претепана што мајка ѝ не ја препознала. А била на улица затоа што ја исфрлиле од автобус. Ѝ недостасувале 20 пени за картата од 5 фунти. Десет минути ги молела останатите патници да ѝ позајмат. Никој не се фатил за џеб.

Перфектна количина алкохол

Заради контрадикторноста на истражувањата околу здравствените бенефити на алкохолот, научниците од Оксфорд се зафатија со откривање на оптималната количина што може да се пие. Резултатите нема да ви се допаднат.

На исток повеќе се спие

Ниту ноќниот живот, ниту проблемите, ниту парите не се така решавачки за вашиот сон како географската должина. Плус, ние да сме ти биле во ќар пред речиси цела Европа.

Сами сме си криви што сами сме си криви

Тоа што имате навика да се обвинувате себеси за сè и сешто е затоа што два центра во вашиот мозок имаат проблем да комуницираат. Значи технички до вас е, ама, не е до вас.

Фина е креативноста, ама сексот е подобар

Ако нешто е константно во светот на рекламите тоа е сексот, како по застапеноста, така и по успехот да продаде нешто. И така е барем во последниве 30 години.

Ќе пукнеме од јадење

5.000 жители на Њујорк секоја година умираат од што се дебели, САД е светски шампиони во дебелина, а светот е пред експлозија на дебелина.

Мистер Шкрга

Ај ние што пушиме Филтер 57 па се давиме без воздух и кога плакнеме лице ама не зезајте - под вода, без дишење, 18 минути???

Силикони 001 (поточно 002)

Светов годинава слави 50 годишен јубилеј на изумот кој внесе револуција во женскиот изглед. Не, не е бричот туку - силиконските импланти. А првиот нивен носител (на фотографијата) не ги ни барала.

Спрингстин да напише нова химна

Речиси четвртина од Американците би сакале Брус Спрингстин да биде автор на нова државна химна која би ја заменила постоечката The Star-Spangled Banner.

Вежбањето е како дрога?

Вежбањето е исто како да се дрогираш, што значи дека човек може и да се предозира од вежбање. Пред ова да го закачите на ѕид како оправдание зошто не вежбате, имајте во предвид дека ова важи за луѓе што стварно многу, многу вежбаат.

Данке Птичланд

Само благодарејќи на птиците, инсектите денес се нешто што можеш да затепаш со весник. Да не беа тие, гадовите ќе ни летаа околу глава со крилја од 60-70 сантиметри.

Паркингот од милион долари

Њујорк до сега редовно беше адресата на која се рушеа светските рекорди за најскапи недвижнини, од сега на списокот ќе можат да го додадат и најскапото паркинг место во светот, кое чини 6-пати повеќе од просечниот дом за едно семејство.

Покачување против алкохолизам

Русија планира да почне борба против алкохолизмот која ќе стартува со сериозно зголемување на цените на вотката. Последен политичар кој се обиде да го направи ова беше Горбачов, во годината кога не доби нов мандат.

Сам себе го венчал

Рано е да се нарече тренд но ги има сè повеќе: заколнати самци кои организираат класични свадбени церемонии за на роднините и блиските да им соопштат дека се венчаваат сами со себе.

Изгорени од сонцето

Да ѕирнете фотка која фрапантно ги открива штетните ефекти на сонцето врз кожата. Фото портрет на човек кој цел живот бил шофер и лесно ќе погодите од која страна му доаѓало сонцето.

500 тужби на Њуз Корп

Откако им пројде кривичниот дел од тужбите против компанијата и нејзините сопственици, сега адвокатите на Њуз Корп. под полна воена спрема ги чекаат приватните тужби за прислушување на мобилните.

На што мириса твојот град?

Додека ние сме зафатени со тоа на што личи нашиот град и како ќе го продадеме тоа, други почнаа да размислуваат на што мириса нивниот град и почнаа да го продаваат тоа.

Нови дечки во бандата на Менделeeв

Оптимистички: не е важно колку траеш на овој свет свет за да бидеш препознат и прифатен во друштво. Песимистички: светов изгубил секаков критериум па почнува да цени и најголеми ебиветри.

Сексуален живот во 100 чекори

Оваа пролет може да се искористи за локални кладби на машки друштва седнати по Илинденска, ГТЦ и другите корза во земјава. Предизвикот е: можете ли по начинот на кој некоја девојка оди да дознаете каков сексуален живот има таа? Белгијци можат.

Американецот расте глава

За само 150 години, што во еволутивна смисла е безначајна временска отсечка, просечниот американски череп добил екстра зафатнина колку една тениска топка.

Старците мирисаат подобро од тебе

Вест за сеир: навистина постои старечка миризба. Вест за уште повеќе сеир: старечката миризба e далеку подобра отколку онаа на младите.

Напад на реално шоу

Не само што ве излудуваат од што се глупи, туку реалните шоуа навистина ве излудуваат, како ментална болест. И за сето ова е виновно "Шоуто на Труман."

Брансон против краватата

Не постои никакво оправдување зошто џентлмен треба да носи кравата, освен ако не оди на прием кај Кралицата или во Белата куќа. Општо не постои оправдание за кравата, порачува Брансон.

Еднаш дебел, секогаш дебел

Ако си женско и ако си дебело, треба да знаеш дека што и да правиш пријателите секогаш ќе те мислат тебе за дебела.