Со коњи да не тропате

Да имаш среќа да бидеш единствената жена од Саудиска Арабија на која државата ќе и дозволи да учествува на Олимписките игри во Лондон. И да имаш несреќа коњот кој треба да го јаваш - да ти се расипе.

Западните медиуми дигнаа голема бука кога Саудиска Арабија и дозволи на џокејот Далма Малас да биде единствената жена во националната олимписка делегација. 20 годишната Малас е погодна за медиумско покривање: згодна, плавоока, школувана во Англија и ќерка на мултимилионер. Идеална прилика за навестување на таблоидна верзија на Арапската пролет.

Само Гардиан беше доволно трезвен па се посомнева дека нејзиното добивање дозвола веројатно се должи на стравот на Саудиска Арабија да биде дисквалфикувана од МОК заради полова дискриминација и дека државата ја користи Малас како алиби за избегнување критики на таа тема.

Сонот за женската пролет во Саудиска Арабија сега е прекинат, од страна на Олимписките инстанци кои проценија дека заради повреда, коњот на Малас не минал доволно квалификациски проверки.

Наследничка на Малас тешко е да се најде набрзина. Уште потешко е да се најде јунак меѓу коњите бидејќи 63 проценти од жените во земјата се дебели. За споредба, во престолнината на џанк фудот, Америка, процентот на дебели жени изнесува 34.

Ваква соостојба се должи и на фактот што во Саудиска Арабија е забрането физичко воспитување на женските ученици а и генерално спортот за нив е табу тема. Особено ако се знае дека еден од врвните тамошни верски авторитети, во 2009-та година, "при чиста разум и свест" процени дека спортот е опасен за девојките бидејќи така можат да си го пукнат хименот.

26 јуни 2012 - 13:03