Ваквата одлука е донесена благодарение на Шпанците и нивниот работнички синдикат на вработените во големите стоковни куќи кои ја покренаа целата процедура на преиспитување на овој дел од работничките права.
Небитно е кога еден човек ќе се разболе. Ако тоа се случи за време на неговиот годишен одмор, тој има право тие денови да ги надополни подоцна, со исто толку денови платен одмор, стои во објаснувањето на пресудата.
Судот се повика и на "Директивата за работното време во ЕУ" која на работниците им гарантира најмалку 4 недели "здрав" годишен одмор.