Живот и забава

Пред-предбрачен договор

Затоа што предбрачните договори веќе не се доволни, се повеќе парови (како на пример Закерберг и неговата) потпишуваат "договори за врска" во кои се регулирани секојдневните работи, како - излегување.

Хеви-металот е во криза

Во најмалку тажната вест на денот, Металика се пожалија дека немаат пари и дека од што се во криза морале нон стоп да работат, пејат.

 

Билобил, да не заборави на маментин

Маментин се вика лекот од кој западната цивилизација може да очекува спас, не заради неговите одамна познати ефекти во третирање аутизам туку заради ноовоткриената функција во ублажување на најтешките симптоми на една друга разорна болест - шопингот.

Жената мечтае за шипка

Не е страшен податокот дека 47 проценти од жените фантазираат да бидат стриптизети или да играат на шипка. Страшно е кога имаш чувство дека животот постојано наоѓа начини одново и одново да те спои со оние 53 проценти.

Германците не се способни за уживање

Со ниска стапка на невработеност и солиден економски раст, работите и не се така лоши за Германците, освен што најверојатно имаат генетски проблем со уживањето во животот.

Да му се омажи жената на комшијата

Како еден бизарен случај против канадски милијардер ќе присили 1,2 милиони Канаѓани да стапат во брак. Спроти нивната волја.

Холивуд и зембиљи

Лос Ангелес не е првиот но е е најголемиот американски град кој тотално ја забрани употребата на пластични ќеси. За малку ќе се забранеле и хартиените.

Магичниот круг на јадење и депресија

На времето Дебелото Копиле од Остин Пауерс се пожали: "Не можам да престанам да јадам. Јадам затоа што сум несреќен, несреќен сум затоа што јадам." Сега науката комплетно го разбира.

Колку чини да си таксист во Њујорк

Њујоршките таксисти побараа покачување на цената на таксито од 20%. Без навлегување во тоа што последен пат добиле покачување во 2004-та, а од тогаш бензинот блесаво порасна, еве како изгледа такси бизнисот во главниот град на светот.

Радикално запалена уметност

Буџетското кратење на фондовите за уметност, директорот на еден од италијанските музеи реши да го спречи со кратење на резервите на уметност. Со оган.

Градинарот поленот го расте

Ќе видите две подеднакво убави градини. Меѓу нив постои само една битна разлика: едната градина ќе ги катапултира сите можни симптоми на пролетна алергија, а другата ќе ве остави раат.

Bee Gees за другите

Додека не беа зафатени со продажба на некој од 200-те милиони плочи / дискови, Bee Gees се занимаваа и со пишување песни за други.

Фото цинкање

Во Бостон досега беше забрането фотографирање во јавниот превоз. Полицијата сега ја менува песната и охрабрува сликање, промовирајќи ја апликацијата со која можете директно да накодошите некој сопатник.

На што се журка Британија

По основа на запленети дроги на музичките фестивали низ Британија, може да се заклучат две работи: 1. луѓето многу помалку се дрогираат и 2. со многу поевтини дроги.

Јадењето не е полнење бензин

Зошто беше крајно време да воведеме кујна? Затоа што податоците за навиките и исхраната на модерниот човек се очајно алармантни.

Националноста по штиклата се познава

Чевли се магично поврзани со самопочитта на една жена, на начин на кој ниту еден психолог го нема детално истражено. Сега се обидуваат да ја дефинираат поврзаноста меѓу штиклата и нацијата.

Органски арогантна храна

Ако некогаш ви се причинило дека луѓето што купуваат органска храна се малку препотентни и арогантни, сега имате и психолошко истражување според кое ништо не ви се причинило.

За среќа се потребни тројца мажи

Постар богаташ, средовечен уметник и страсен 30 годишник. Според искусната Лајза Минели, ова е трилингот кој треба една жена да го поседува ако сака да има идеален брак. Во недостаток на потребниот репроматеријал, 66 годишната пеачка живее со шнауцери.

Човекот што направи стан од 90 мил. долари

Во Њујорк неделава беше продаден апартман на два ката од 1015 квадрати, по цена од 90 милиони долари. Не се знае кој го купил, ама се знае кој го направил.

Загубарот Опра

Во рок од само една година годишните примања на Опра Винфри се намалија за цели 43% и сега пак заработува повеќе од сите во шоу бизнисот. Со исклучок на Џенифер Лопез.

Како е американски да се јаде

Американецот во текот на една година во просек ќе изеде 10,4 килограми пица, 13 килограми помфрит ама и околу 11 килограми вештачки засладувач.

Џобс е најновиот кретен на Аарон Соркин

Досегашното искуство на Соркин со биографски филмови и типот на карактер на Стив Џобс прават совршен пар за адаптација на биографијата на Џобс.

Кинеско решение за македонски проблем на шведска маса

Една од најголемите мистерии (после онаа прочуена: за што е талентиран Мирко Попов?) гласи: како да се заузда лакомоста на македонски турист кој уплатил "ол инклузив" аранжман? Има одговор. За второво.