Во јануари годинава Џон Стујарт експлодираше кога дозна дека претседателскиот кандидат Мит Ромни, заработува по 57 илјади долари дневно. Проверката на семејните сметки покажа дека Стујарт и неговата сопруга заработуваат 41.000 долари на ден.
Платата на Стујарт е околу 300 пати поголема од американскиот просек. Процените се дека годишните примања на Стујарт се некаде околу 15 милиони долари, а дека неговата нето вредност е над границата од 80 милиони долари.
Иако сега Стујарт е далеку од богатството на Ромни, со оваа стапка на заработувачка телевизискиот водител ќе биде побогат од претседателскиот кандидат кога ќе биде на негови години.
Стујарт поседува и три куќи чија вкупна вредност е околу 12,8 милиони долари. Куќите (заради даночни причини) не се на негово име, туку се на име на приватен фонд.
Во 2005-та тој купи дуплекс на Менхетен од 557 метри квадратни, со 40 прозорци по цена од 5,8 милиони долари. Потоа во 2009-та и 2010-та, купи две вили, една до друга, во Њу Џерси по цена од 3,8 односно 3,2 милиони долари.