1. Татковците кои се ангажираат во умерени физички игри, им помагаат на своите деца емоционално да созреат
Децата кои се активни често се груби во меѓусебните игри и тоа е само дел од здравото растење. Меѓутоа татковците кои грубо играат со своите деца, може ненамерно да ги направат агресивни. Во анализата на 85 деца на возраст од 2 до 6 години, грубото играње било поврзано со агресија кај децата, посебно ако таткото помалку се потрудил да постави некакви правила или граници во играта. Децата биле помалку агресивни кога татковците заземале доминантна улога во овие игри. Бидејќи агресивноста на млади години е поврзана со хронична психопатија подоцна во животот, истражувачите тврдат дека татковците имаат голема улога помагајќи им на децата да ги совладаат своите агресивни емоции низ "контролирани конфронтации."
2. Татковците се поодговорни за образување на децата за надворешниот свет
Иако родителите ја делат одговорноста за создавање на ставовите на своите деца, истражувачите сметаат дека еволуцијата на мажите како одговорни за справување со надворешните закани прави децата почесто да се обраќаат кај татковците за совети за надворешниот свет. Истражувањето не спори со постојниот став дека мајките го имаат главното влијание на децата, туку само објаснува дека децата на социјално анксиозни татковци имаат тенденција и тие да ги развијат истите проблеми.
"Пракса е да им се помага на мајките кои се премногу заштитнички настроени кон децата кои имаат проблеми со анксиозност, и да се поттикнат повеќе да ги изложат децата на 'надворешни влијанија.' Меѓутоа ако однесувањето на мајките е одговор на анксиозноста на таткото, тогаш можеби е поефективно во терапијата да се вклучат самите татковци наместо мајките," стои во студијата објавена во Журналот за Деца и Семејство.
3. Татковците можат да влијаат колку брзо старееш, дури и пред да си роден
Сите хромозоми се затворени со "теломери" кои во основа спречуваат расплетување на вашата ДНК. Како што старееш, така теломерите стануваат помали. Она што е важно кај мажите е што по должината на нивните теломери може да дадат предвидувања за нивните деца. Студиите покажуваат дека барем дел од вашиот животен век е наследен, но со тек на време "корелацијата меѓу таткото и детето избледува," заради ефектот што најразличните животни избори ги имаат врз стареењето.
4. Децата чии татковци се строги но полни со љубов учат како да бидат поистрајни
Ако си трпелива личност, треба да му кажеш фала на татко ти. Според истражувањето во кое биле вклучени 325 парови и нивните деца, строгото воспитување било поврзано со зголемената способност на децата да истраат во некоја тешка задача.