Конкретно во денови, ова значи дека работното време на Швеѓаните е нешто повеќе од 5 часа дневно.
Она на што во моментот Швеѓаните најмногу се жалат е дека денес работното време им е дури за 1 час подолго отколку во 2006-та, кога беше избрана актуелната влада.
Тие пресметале и дека дополнителниот 1 час што го одработуваат, е еднаков на 120.000 нови работни места.
"Еден час неделно е сериозно зголемување. Посебно големо ако земеш во предвид дека се случува во турбулентен период кој вклучува финансиски кризи и глобална рецесија," порачуваат од шведската конфедерација на претприемачи.
Во исто време и шведските синдикати кренаа глас, кој се пожалија дека дополнителните работни часови паднале на грбот на веќе и онака преработените Швеѓани.