BBDO NY е агенција на годината, Ogilvy & Mather е прогласена за најдобра мрежа а мексиканскиот ресторан Chipotle e најдобра видео реклама на годинешните Clio награди за адвертајзинг и дизајн.
Познаваме и ние луѓе кои прснаа фина паричка за вакви патики чиј глуп изглед наводно се компензираше со бројните ќарови за здравјето, линијата и мускулите. Е, па, превара.
Американски очен хирург нуди ласерски третман кој кафените очи ги претвора во сини. Кога колегите предупредиле дека може да им го сјебе видот на пациентите, го преселил бизнисот во Мексико. Единствената работа која може да попречи му е името.
Истата Ејми Вајнхаус што го престрашуваше светот со количината на алкохол и дрога што ја користи секој ден, всушност сериозно била уплашена од една нејзина колешка.
Кралот Леонидас беше спремен да жртвува 300 Спартанци на Термопилите. Ако сакате да ја задржите килажата после диета, ќе морате да бидете спремни да жртвувате 300 калории. Секој ден, до крајот на животот.
Дури и да продолжат со исто темпо и да заработуваат по 700 милиони долари неделно, на Avengers пак ќе им требаат повеќе од 2 години за да ја исплатат целата штета што ја направија во Њујорк.
Невкусен врв на еден фушерај во рекламирањето: Кога рекламираш ефтини туристички аранжмани во Португалија, најглупо на свет е да ставиш слика од девојче кое цел свет ја дозна кога изчезна на одмор во Португалија.
Најголемото прашање по последната епизода на Mad Men: Дали им се исплатеше на продуцентите да платат четврт милион долари за да можат една песна од Битлси да ја пуштат во одјавата (само на оваа епизода)?
Од се што се случува во филмот, Пентагон одбил да соработува со продуцентите на The Avengers, само заради одредени бирократски недоследности во приказната.
Иако вкупното семејно богатство им се проценува на 17 милијарди долари, никој од нив не дал отказ или отишол во пензија или сменил начин на живот. Најблиските на Марк Закерберг и натаму работат како забари, рецепционери или пак пишуваат блогови.
Две работи: после спиење со толку женети мажи, не сум сигурна дека некогаш ќе се мажам; за луѓе што плаќаат 2.000 долари за саат, банкарите/брокерите многу повеќе зборат отколку што "работат", пишува ескорт девојка од Менхетен.
Ако го тргнеме на страна спасувањето на светот, зборуваме за богаташ кој живее во својата таинствена вила на периферијата од градот, со својот батлер и едно младо момче.
Алфа женката во семејството Кардашиjан не му кажала на својот сопруг дека потпишала договор од 40 милиони долари. Брус Џенер само знае дека дента пред да дознае за тоа, жена му се развикала што потрошил 300 долари.
Најголемиот дел од женските списанија се преполни со статии од типот "10 начини како..." или "10 правила како..." кои во суштина важат и за мажи и за жени, и изгледа навредливо кога тие им се посветени само на понежниот пол, кој ете и понатаму треба да се бори да ги стигне мажите.
Секој пат кога Џуди Денч ќе опцуе во филм, Британското биро за класификација на филмовите (BBFC) очекува да добие жалба од гледачите. Друга честа причина за жалба - што не кажавте дека филмот е лош.