Мачката му е поклон е од неговата сегашна муза, манекенот Baptise Giabiconi, се вика Choupette, има 9 месеци и е Сијамка.
"Таа е како одржувана жена, Има силен карактер. Има ручек и вечера на масата со мене. Таа не ја допира мојата храна. Таа не сака да јаде на земја и спие на перница," изјавил Лагерфилд во интервјуто за магазинот Women's Wear Daily,
Освен ова, мачката има 2 лични служавки, плус знае како да користи Ајпад. Една од подепресивните информации (за Лагерфилд) е дека тој сака цело време да знае што прави неговата мачка.
"Кога сум на пат, барам од помошничките да запишуваат се што правела мачката, од тоа како се однесувала, дали била уморна, дали спиела... Имаме речиси 600 страни. Ќе биде интересно да направиме мала книга од нејзиниот дневник," порачал креаторот.