Јахтата која се гради во германското бродоградилиште Лурсен ќе биде долга 180 метри, што е 17, 5 метри повеќе од Еклипсот на Роман Абрамович.
Се води под работното име "Проектот Азам" и многу малку детали се знаат за неа. Се проценува дека ќе чини околу 600 милиони долари и дека се работи за нарачка од човек на Саудиското кралско семејство.
За момент испловила од бродоградилиштето (без носот) во Германија само за да биде префрлена на поголем док.
Според фотографиите, опремена е со уникатен пропелерски систем кој би требало да ја прави доста брза. Познавачите велат дека е поинтересна и поелегантна од јахтата на Абрамович која е опремена со два базена, две слеталишта за хеликоптери, фризерски салон, гимнастичка сала, диско сала и мала подморница.
Резервоарот за гориво на Проектот Азам собира еден милион литри а за нејзина целосна функционалност ќе бидат потребни најмалку 50 постојано вработени лица.
Се шепекулира дека нејзин сопственик ќе биде милијардерот Ал Валед бин Талал од Саудиското кралско семејство чие богатство се проценува на најмалку 13 милијарди долари.
Јахтата на Абрамович: