Најочекуваните патики во 2012.

Најк ја објави нивната цена но не и точниот ден кога ќе ги пушти во продажба. Лудилото по патиките на Кање Вест достигнала цена од 80.000 долари за еден пар.

Најковите Air Yeezy 2 во малопродажба ќе чинат 245 долари. Но, на eBay веќе имало понуди колку за Лексус - 80.000 долари, пишува New York Daily News, а Блумберг начекал пред-нарачка од 90.000 долари. Инаку, за цена од 3, 5 или 7.000 ги има колку сакаш.

Што е финтата?

Класика, селебрити финта. Патиките го имал дизајнирано лично Кање Вест како продолжеток на првите Yeezy и дечкото го носи наоколу неколку месеци. Еден пар разгазува и Џеј Зи.

Се разбира, и материјалот е врвен, како што им прилега на патики на Најк.

Компанијата ја користи тактиката на Епл пред да лансира нов производ: тајновитост и мистерија. Бидејќи најави дека нема да го објави точниот час и датум на нивно пуштање во продажба, фановите манијакално прегледуваат Твитер, бидејќи за таму е резервирана првата информација.

Се проценува дека во првиот бран, Најк ќе пушти само 3 до 5 илјади пара патики, за дополнително да го напумпа лудилото околу нив.

Објавена е листа на продавници во кои ќе бидат пуштени патиките на Вест а се плаќа и до 400 долари за поблиско место во редот или пак како што овде се правеше порано за грчки визи, се плаќаат луѓе за да фаќаат место.

 

 

9 јуни 2012 - 23:35