На исток повеќе се спие

Ниту ноќниот живот, ниту проблемите, ниту парите не се така решавачки за вашиот сон како географската должина. Плус, ние да сме ти биле во ќар пред речиси цела Европа.

Разликата меѓу внатрешниот и "социјалниот" часовник создава перманентен "џет-лег" во општеството, тврдат германските научници од Универзитетот во Минхен.

Во анализата на навиките за спиење на илјадници Германци од источна и западна Германија, научниците заклучиле дека просечниот момент на длабок сон кај оние лицата најблиску до западната граница бил 36 минути подоцна отколку кај оние на источната граница.

Како едно од објаснувањата за ова е што на Сонцето му е потребно токму 4 минути да се мрдне за еден степен географска должина, а самиот биолошки часовник на човекот е директно поврзан со патеката на Сонцето.

Проблемот со сето ова е што меѓу луѓето од иста временска зона оние од Западот секогаш ќе бидат хронично ненаспани, или па ќе треба да легнуваат половина час порано од оние на Исток.

6 јуни 2012 - 18:23