Живот и забава

Изнајми Москва

Москва ќе спасува 244 историски згради низ градот, со пакет од - издавање за 1 рубља по метар квадратен + реновирање.

Нутела во земјата на дебелите

Нутела ќе треба да исплати оштета на цел САД, затоа што некои Американци премногу сериозно го сфатиле нивниот слоган - дел од вкусен и балансиран појадок.

Власт се шмрка

Науката ја потврди 100 години старата изрека на лордот Актон (власта расипува, апсолутната власт - апсолутно) и како биoлошка вистина. Органските механизми околу тоа чувство се идентични на оние кои ги покренува кокаинот.

Земја на осаменото изгрејсонце

За првпат во досегашната историја, просечниот број луѓе во еден дом во Токио падна под 2. Осаменоста станува норма во јапонското општество.

Иднината може да биде и сега

Компанијата на иднината постои, заработува еден тон пари и стварно добро функционира, и таа не ниту Гугл, ниту Епл, ниту Фејсбук.

Милион причини за саем

На прв поглед саемот за автомобили во Пекинг е ист како и саемот во Женева, Детроит или Франкфурт. За производителите, Пекинг разликата ја прави на завршна сметка.

Знаеме дека одобрувате

Ако ова го читате, голема е веројатноста дека веќе сте решиле да се согласите со тоа. Бидејќи мозокот главно бара информации кои ќе ни го потврдат она во што веќе веруваме. Ах, како не ставивме наслов: Драган Вучиќ е крал!

Македонија Вајерлес 2.0

Што да правиш со град во кој има премногу мрзливи сопственици на кучиња кои не ни планираат да го собираат изметот на своите миленици а премалку бесплатно Ви-ФИ?

БиБиСи со најголема репрезентација на ЛОИ 2012?

На Олимпијадата во Лондон, комплетниот британски олимписки тим ќе има околу 550 спортисти. Во исто време, на истата Олимпијада, БиБиСи ќе донесе 765 лица.

Во Кина уште јадат кучиња

Над 500 кучиња се спасени да не завршат на кинеските трпези, откако информацијата за камионот со кучиња се раширила на тамошните социјални мрежи.

Џандари на линија на порното

Новиот закон за порно бара од сите актери да носат кондоми. Ова пак бара сите порно филмови да бидат прегледани од полицијата, за да заклучат дали овие првите користат кондоми.

Светот во женски гради

Германците составија светска мапа за длабочина на женското деколте, и за почеток сосема не се согласуваме со неа на локално ниво.

Прибор за урбано преживување

Форматиран како индустриски дизајнер од Виена, Штефен Керле, во слободно време се обидува да му помогне на секој урбан човек во некој од најужасните ситуации - како мрсна храна или немање салфетки.

Шинед О'Конор и натаму е биполарна

Ирската пеачка и композиторка ја откажа планираната турнеја низ Северна Америка објаснувајќи им на своите фанови дека сè уште не е арна.

За паркинзи без секс

Жителите на Њујорк, посебно на оној дел кај што плаќаат кирија од 9.500 долари месечно, имаат проблем кога дечурлана од цел град секој викенд има секс кај нив на паркинг.

Генерација Фејсбук

Генерацијата Ипсилон (сите родени меѓу 1980-та и 1999-та) до толку е различна од своите родители што целосно има изгубено интерес за производи како - весник, е-маил, пиво, автомобил.

Царство за штека цигари

Додека останатите ги заплашуваат пушачите на основа на слики и лоши пораки, Нов Зеланд се реши на подиректен пристап - 100 долари за кутија цигари.

Те нема да се јавиш...

Студија базирана на телефонските повици на три милиони луѓе покажува дека жените се тие што ја оддржуваат врската. Партнерот им е приоритет (во зврцкањата по мобилен), сè додека ќерките не им пораснат кога тие им стануваат најважни во животот. А тоа треба да се издржи.

Гола битка за рамноправност

Во Торонто се одржале седмите по ред Feminist Porn Awards. Што е тоа феминистичко порно? Ма исто, само се троа погрди.

Коен може да каже: Алелуја!

18 месеци затвор за жената на која можеме да ѝ заблагодариме за некои од најубавите песни на Леонард Коен.

Да се живее или да се седи?

Сериозно истражување на сериозен примерок упатува на многу, лоши вести за навиката да се седи и нејзините последици по здравјето. Сумирано: колку подолго седиш, толку пократко ќе седиш.

Мислам, значи не сакам

"Во секој случај, оженете се. Ако ви се погоди жената, ќе бидете среќни, ако не ви се погоди, ќе станете филозофи". Така викаше Сократ. Имаме три примери на генијални филозофи кои знаеле сè, освен да сакаат.

Мозок на потивко

Гледањето порно згаснува одредени делови од мозокот (и машкиот и женскиот). Или, зошто никогаш не забележувате детали во порничите.

Најскапиот развод на светот

Во декември 2008-ма Елена Рибовлева решава да се разведе. На одење, бара оштета од 6,3 милијарди долари од својот (на големо) неверен сопруг, инаку 13-от најбогат Русин. Уште ги бара.