Паркинг местото во една поранешна катна гаража во центарот на Њујорк се продава по цена од 1 милиони долари. Целата 8-катна гаража во центарот на Њујорк е купена за 120 милиони долари, и ќе биде претворена 6 луксузни апартмани кои имаат внатрешен паркинг.
Како што пресметале од Њујорк Пост, сумата е иста како да плаќаш по една казна за погрешно паркирање (од 115 долари,) секој ден во идните 24 години.
Од Пост објаснуваат дека парите за паркингот би можеле да ги "извадите" ако решите да искористите што просторот е доволно висок да собере два автомобила еден врз друг, па да ви излезе по 500.000 долари од автомобил.
Најскап стан во зградата ќе биде дуплексот од 750 метри квадратни, со приватна тераса од 278 метри квадратни, и ќе чини 38,8 милиони долари.
Инаку, на страна паркинг местото, зградата ќе биде преполна со ултра скапи фори. Така, на водата за туширање ќе и биде додаван витамин Ц и алое, а квалитетот на воздухот и осветлувањето ќе бидат контролирани за станарите да можат навечер поубаво да спијат.