На фотографијата е неименуван 69 годишен човек кој цели 28 години минал како професионален возач на камион.
Фотографијата ги обелоденува разорните ефекти на УВА зраците врз човечката кожа иако тие досега се сметаа за безопасни во однос на УВБ зраците што редовно се поврзуваа со ракот на кожата.
УВА зраците продираат низ стакло и во случајов предизвикале унилатерална дерматохелиоза, односно тнр фото стареење на кожата.
Овие зраци помогаат во добивање на потемен тен и во солариумите ги има и до 12 пати поголеми дози отколку кај сончевите зраци.