Американецот расте глава

За само 150 години, што во еволутивна смисла е безначајна временска отсечка, просечниот американски череп добил екстра зафатнина колку една тениска топка.

Допрва треба да се утврди дали е ова знак на некаква забрзана еволуција и на што се должат промените. Можни се неколку причинители и нивни комбинации: дека промените на волуменот на черепот се должат на промените во исхраната, мешањето на расите или на намалувањето на физичкиот труд.

Во однос на Американците кои живееле некаде во средината на 19-от век, денешниот Американец има екстра 200 кубни сантиметри зафатнина на черепот.

Висината на черепот е зголемена за 6,8 проценти, наспроти 5,5 процентното зголемување на вкупната висина на скелетот.

31 мај 2012 - 22:21