Најголемиот дел од таксистите во Њујорк не ги поседуваат таксијата што ги возат. Главна причина за ова е што лиценцата (медалјонот) за возење такси во градот чини - 1 милион долари. Њујорк (со сите свои 8,2 милиони жители) има вкупно 15.000 лиценцирани таксисти (од тие жолтите).
Таксистите ги изнајмуваат автомобилите од такси гаражите, по цена и до 133 долари за 12-часовна смена. Овие пари тие мораат да го платат однапред, пред воопшто да ги добијат клучевите. Плус бензинот го плаќаат од свои пари, а ако случајно покасно ја вратат колата во гаражата, плаќаат дополнителни 25 долари.
На ова треба да се додаде и трошокот за повремената казна за погрешно паркирање, ситни поправки, чистење на колата по возење пијани патници за викендот.
Тие сепак го задржуваат целиот бакшиш, освен ако не им платите со кредитна картичка, кога и такси компанијата задржува дел. На крај тука се парите што треба да ги дадат за "подмачкување" на газдите на гаражите за да добијат подобра кола.
По сите овие математики, од просечните 291 долар што ги заработуваат во смена, повеќе од половина таксистите ги даваат за трошоци. Ова е без платен данок на приход.
Инаку, сега стартот чини 2,5 долари, а потоа имаат еден комплициран систем за наплата, кој пресметува колку време таксито е во движење а колку чека на семафори / гужва, плус има разлика во кој дел од денот возат.